Продолжува втората фаза од реконструкцијата на Западен Булевар (коњски дупки). Новопробиениот пат ќе го спои Западен Булевар од Кавадаречки до Желков дол во должина од 600 метри, коловоз од 3,5 метри за секоја коловозна лента и 1,5 метар тротоар. Вкупната асфалтирана површина ќе изнесува 4700 м2, поплочување од 1900 м2 и осветлување. Да потсетиме дека претходно беше поставена водоводна, фекална и атмосферска канализација, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Во текот на денешниот ден Јанчев објави уште два проекти кои се изведуваат на територијата на Кавадарци.
Откако беше изваден стариот асфалт, денеска на површина од 1900 м2 започна реконструкцијата на улицата ,,Индустриска’’ (од Жито Југ до Елит Хотел). Тампонирањето и асфалтирањето се врши со BNHS16 со 7 см дебелина, овјави Јанчев.