понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Крива Паланка висока излезеност од 65,5 отсто до 18:30 часот

Во Крива Паланка висока излезеност од 65,5 отсто до 18:30 часот

Во Општина Крива Паланка процентот на излезеност на граѓаните е исклучително висок и до 18:30 часот изнесува 65,49 отсто. Од вкупниот број гласачи што гласат на 47 избирачки места во општината, 16.849, до осумнаесет часот и триесет минути гласале 10.891 граѓанин.

–Во текот на целиот изборен ден процесот на гласање се одвива мирно и непречено. Во одредени периоди од денот на повеќе избирачки места имаше гужва и редици поради поголема излезеност и со оглед на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 кои се применуваат при реализација на изборниот процес, информира претседателката на ОИК, Крива Паланка.

Во Општина Кратово процентот на излезеност до истиот период, триесет минути пред крајот на гласањето, изнесува 57,44 отсто од вкупниот број гласачи.

Во Кратово на вкупно 37 избирачки места право на глас имаат 7862 граѓани.

Во Општина Ранковце, пак, до 18:30 часот, од 3014 граѓани со право на глас, гласале 2024 или 67,26 отсто од вкупниот број граѓани запишани во единствениот избирачки список.