Во Македонска Каменица отворена е Младинската ликовна колонија „Св.Пантелејмон 2022″. Настанот е во организација на Културно-информативниот центар „Романса” од каде информираа дека колонијата се реализира во соработка со НУ Центар за култура „Бели Мугри” од Кочани.
-Во рамки на младинската ликовна колонија „Пантелејмон 2022″ изложени се вкупно 19 дела, кои во наредните десетина денови, каменичани ќе можат да ги видат во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, истакнаа од КИЦ „Романса”.
Цртежите изложени во рамки на колонијата, како што беше истакнато на денешниот настан, се дело на осум млади лица и двајца ментори.
-Меѓу самите ментори кои учествуваа на колонијата е и самиот координатор на проектот, м-р Александра Димитрова. Осумте ученици заедно со двајцата ментори твореа, сликаа на платна со акрилна техника во траење од 4 дена на Пониква изминатиот август. Денес присутните можат да видат вкупно 19 дела кои се производ на самата колонија. Благодарам на сите кои одвоија време денес во Македонска Каменица да ја проследат колонијата, истакна Ана Поп Михаилова, в.д директорка на НУ Центар за култура ,,Бели Мугри” од Кочани.
Ликовната колонија ,,Св Пантелејмон 2022″ се реализира со поддршка на Министерството за култура. (МИА)