Вчера започнаа почетните активности за изградба на спортско игралиште во с.Робово, стои во Фејсбук објавата на општина Босилово.
– Ако временските услови дозволат се очекува во најбрзо време да биде завршено и пуштено во употреба. Општина Босилово ќе продолжи да го подржува спортот и спортските активности и во наредниот период, информираат од општина Босилово.