Околу 11 проценти е излезноста на 46 те гласачки места во Општина Пробиштип, каде што право на глас имаат 12 545 граѓани.
Заменик претседателот на ОИК-Пробиштип, Анкица Генеовска истакна дека гласањето е почнато во сите избирачки места, а на две се појавиле проблеми со апаратот за отпечаток од прст. Но, со помош на информатичарите проблемите се надминати.
Во централното градско подрачје, каде што има повеќе избирачки места утринава е раздвижено, а на гласачките места согласно протоколите гласаат граѓаните. Излезноста во овие неколку избирачки места во училиштата во центарот на Пробиштип се движи меѓу 10 до 15 проценти.