вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во сабота второ авионско прскање против комарци во Кавадарци

Во сабота второ авионско прскање против комарци во Кавадарци

Во сабота ќе се спроведе второ авионско прскање против комарци во Кавадарци за оваа година. Од локалната самоуправа денеска информираа дека прскањето ќе се реализира од 5 до 7 часот на територијата на општината.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда Мара од селото Марена, преку целото градско подрачје, до излезот на селото Ваташа.

– Се известуваат сите граѓани, како и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците – сандаците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства, соопштија од локалната самоуправа.

Информираат дека во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден. (МИА)