Во Штип утре од пет до седум часот ќе се изврши авионско прскање против комарци. Опфатени ќе бидат централното и приградското подрачје, како и површините по теченијата на реките Брегалница и Отиња, со површина од околу 850 хекатри, соопшти Општина Штип.
Во четврток, пак, против комарци ќе се прска на територијата на Општина Карбинци. Третирањето против возрасни комарци ќе се спроведе авионски, од пет до осум часот, на површина од 300 хектари.
Општините Штип и Карбинци ги известуваат пчеларите дека во времето на третирањето и три – четири часа потоа, да ги затворат кошниците со пчели поради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, информираат општините Штип и Карбинци.