Екипите на Јавното претпријатие (ЈП) „Стипион“- Штип денеска работат на реконструкција на големиот пешачки мост меѓу старите штипски населби Стар Конак и Исар.
Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски вели дека се на терен по реакција на граѓанин, кој на социјалните мрежи објави фотографии дека мостот не е безбеден за пешаците, ниту пак за возилата кои поминуваат под мостот. Посочува дека веднаш е реагирано од нивна страна и веќе дупката и искршените даски се заменето со нови.
-Нашите вработени покрај тоа што го санираа овој голем пешачки мост, од денеска работат и на санирање на малите мостови во коритото на реката Отиња, вели Стефановски.
Тој апелираше граѓаните да пријавуваат до ЈП „Стипион“ вакви проблеми, со цел навреме да реагираат и да ги санираат штетите на мостовите, како и на урбана опрема. Забележа дека средствата за санација се обезбедуваат преку ставка за тековно одржување.