сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во тетовско 86 казни по 20 евра за неносење маски

Во тетовско 86 казни по 20 евра за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, 86 лица во Tетовско добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во содејство со Државниот пазарен инспекторат, биле контролирани 18 угостителски објекти.

-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето за да се спречи ширење на заразата со КОВИД-19. Според оваа Уредба, секој е должен да носи лична заштита при излегување надвор од својот дом, при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично). Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка и друго. Потсетуваме дека глобата изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице, стои во денешниот апел на СВР Тетово.

За изминатото деноноќие (31 мај / 1 јуни) нема нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а вкупно биле контролирани 182 лица со вакви решенија. Нема нови изјави за самоизолација, а контролирани биле 35 лица.