петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во тетовско лани регистрирани се 167 помалку сообраќајни несреќи

Во тетовско лани регистрирани се 167 помалку сообраќајни несреќи
илустарција

По патиштата низ тетовскиот регион минатата година се регистрирани вкупно 617 сообраќајни несреќи што е за 167 помалку во споредба со претходната 2019 година. Значително помал е и бројот на „сообраќајки“ со тешко повредени, а нив ги имало 34. Во несреќите имало и 265 лица кои поминале со телесни поведи, а загинатите осум е ист како лани. Во повеќе од половина од несреќите (310) завршиле само со причинета материјална штета.

– Според анализата на СВР Тетово, на тетовското подрачјето што покрива, најголемиот број од ланските несреќи (439) се случиле во населено место и 178 несреќи се евидентирани на отворен пат. Како најчести причини за несреќите особено кај оние со посериозни последици утврдно е дека се: неприлагодена брзина според условите на патот (175 несреќи), неправилно вршење на дејствие (126) и недавање предност (18), информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Изминатата година регистрирани се 37 излетувања на возила од коловоз. Имало и 56 несреќи предизвикани од животни, претежно од бездомни кучиња, најмногу на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

Од СВР Тетово посочуваат дека кога станува збор за минатогодишната безбедност во сообраќајот на тетовското подрачје, најкритичен ден бил петок со 110 несреќи, а најризичен период во денот бил од 16 до 18 часот.