Во своите домови во Велес и велешко беа посетени и гласаа 135 изнемоштени стари и болни лица, информира синоќа за МИА, Андреј Ќамилов, претседател на ОИК Велес.
Воедно во Велес и велешко своето право на глас со гласање во домашни услови ги искористиле и 20 лица болни од Ковид-19. Ќамилов рече дека во одделението на велешкиот затвор правото на глас го оствариле и 40 – тина затвореници од девет-десет општини во земјава..
Тој информира дека гласањето поминало во најдобар ред и без никакви проблеми и додаде дека ОИК Велес ги прави последните подготовки во 7 часот навреме да бидат отворени сите избирачки места во Општина Велес.