Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Тетово членка на Синдикатот на УПОЗ, успешно ги завршија преговорите кои се водеа со градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.
-Како резултат на овие преговори е Анексот на Колективниот договор на вработените во Локалната самоуправа Тетово со кој сите административни службеници во општината кои не добија усогласување на платите со порастот на минимлната плата, ќе добијат по 2.806,00 денари, информираат од УПОЗ.
Посочуваат дека Синдикатот на УПОЗ вакви преговори води и во други локални самоуправи и во скоро време очекуваат усогласување на платите и во другите локални самоуправи во Р. Македонија.