Во текот на изминатата вечер (23/24.07.2022) во периодот од 21.00 до 04.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 34 возачи, од кои 12 возеле без возачка дозвола, 10 возеле под дејство на алкохол, исклучени се 27 возачи од сообраќај…
Засилените акциски контроли продолжуваат. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.