четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ЗА ПЕТ ЧАСА: Полицијата „фатила“ 74 возачи кои возеле пребрзо на територија на СВР Куманово

ЗА ПЕТ ЧАСА: Полицијата „фатила“ 74 возачи кои возеле пребрзо на територија на СВР Куманово

Во периодот од 15 до 20 часот вчера, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 74 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.