Забележани првите нерегуларности на денот во кој Македонија избиира свој претседател.
Во ромското маало Тризла во Прилеп утрово се случува организирано гласање, нешто кое е забрането на изборниот ден.
Имено, со возило беа граѓаните организирано земани од дома, носени до избирачките места, па пак враќани назад.
Зад оваа организација, како што дознаваме, стои владејачката политичка партија, од чии редови е и прилепскиот градоначалник.
Во Градско, од утрово постојано кружи бело комбе со регистаски таблички VE****AB. Како што дознаваме, повеќе пати зема гласачи, го носи да гласаат, па ги враќа назад и зема други гласачи.
И овој возач на возило во Велес прави недозволени дејствија од рано утрово, разнесува гласачи и агитира.
На дел од граѓаните, постои сомнеж, дека им е даван и поткуп пред да бидат однесени, вака организирано, на гласање.