среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Зачестија одроните на патиштата во дебарско, одрон од 20 метри кубни кај Косоврасти

Зачестија одроните на патиштата во дебарско, одрон од 20 метри кубни кај Косоврасти
илустрација

Обилните врмежи од дожд во изминатите два дена, предизвикуваат чести одрони на патните правци во поширокиот дебарски регион.

Претпладнево одрон беше регистриран кај селото Долно Косоврасти, на патиот правец Дебар – Маврово, делница Дебар – Жировница.

– Станува збор за одрон од камен и земја или во колична од 20 кубни метри, што падна во 10:30 часот. Нашите вработени со соодветна механизација го отстрануваат материјалот од коловозот. Одронот не создаде проблеми во одвивањето на сообраќајот, изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на „Македонија пат“.

Мали, но чести одрони има сите патни правци кои се под надлежност на секцијата и тоа најчесто кај селата Рајчица, Косоврасти, и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“,на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста „Три чешми“ на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.

Поради одрони и влажни коловози се препорачува внимателно возење.

– Има помали, но чести одрони од камен и земја. Нашите екипи се постојано на терен во нивно расчистување и сообраќајот се одвива без поголеми проблеми.Поради можноста од одрони но и влажниот коловоз препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, препорачува Лиманоски.

Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица(патен правец Дебар – Струга),патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или над 110 километри.