четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Зацврстена коалицијата меѓу Константин Георгиески и Нефи Усеини преку вработувања

Зацврстена коалицијата меѓу Константин Георгиески и Нефи Усеини преку вработувања

Власта во Охрид во последната недела продолжува со партиските вработувања зацврстувајќи ја коалицијата пред изборите што следуваат, пренесува Охрид24.мк

Над десет вработувања за ДУИ во општина Охрид и Јавните претпријатија прекиу кои се зацврстува коалицијата на в.д. градоначалникот Константин Георгиески и Нефи Усеини, претседател на ДУИ во Охрид.

Очигледно е вработувањето на партиски послушници додека јавните претпријатија тонат во долгови. На последната непопуларна листа на УЈП на најголеми должници за даноци и придонеси се најдоа многу јавни претпријатија од Охрид.