петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Закажано првото прскање против комарци во Македонска Каменица

Закажано првото прскање против комарци во Македонска Каменица

Во рамки на првото теристичко прскање против комарци во Македонска Камена ќе биде опфатено централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари, информираа од Општината.

-Прскањето против комарци ќе се изврши во доцните вечерни часови во среда на 8 јуни со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови, се вели во соопштението од Општина Македонска Каменица.

Поради прскањето граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

-При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден, се додава во општинското соопштение.

Прскање против комарци во Македонска Каменица ќе биде спроведено неколку пати во текот на летниот период.