недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Започна првата пролетна акција за пошумување во Кавадарци

Започна првата пролетна акција за пошумување во Кавадарци

Општината Кавадарци и ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“ денеска ја започнаа првата пролетна акција за пошумување во 2019 година.

Според акциониот план се пошумуваше на локалитетот „Журов дол“ над селото Ваташа, каде беа посадени 1200 садници на багрем.

Ова е трета акција за пошумување на голините на поројницата. Во акцијата учествуваа: вработените од Општина Кавадарци, вработени во подружницата „Бор“ Кавадарци, ЈП „Комуналец“, од „Кожувчанка“, како и од „Дреклмајер“ со механизација.

Планирано е акцијата да се одвива во текот на пет дена, во зависност од временските прилики, при што треба да бидат посадени од 7 до 8 илјади садници на багрем.

Извор: КТВ