петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“ во Битола

Започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“ во Битола

Денес започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“. Проектот вклучува реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и нов коловоз во должина над 2 километри.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и стручните екипи од општинската администрација, заедно со директорот на КЈП „Никоградба“, Зоран Талевски, извршија увид на активностите кои започнаа со реконструкција на мешовитата канализација од улица „Студентска“, профил 1.

Градоначалникот Коњановски, информираше дека, наскоро се очекува да започне и реконструкцијата на водоводната мрежа во овој дел, за да може реализацијата на проектот да се одвива со предвидената динамика и обезбедените средства од општинскиот буџет за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во износ од 37.000.000 денари. По завршувањето на овие фази, продолжува реконструкцијата на коловозот, за што од Светска банка обезбедени се 28.725.287 денари.

Покрај големите инфраструктурни активности кои се во тек на 6 други локации во општината, паралелно се врши и партерно уредување на помали улици, а во селото Кременица, со цел времено санирање на проблемите со патната инфраструктура, екипите на КЈП Нискоградба вршат вградување на гребен асфалт на местата каде што тоа е неопходно.