сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Здравков: Општина Штип доделува средства за невладини организации на лица поврзани со СДСМ

Здравков: Општина Штип доделува средства за невладини организации на лица поврзани со СДСМ

Политиката која СДСМ ја води на централно ниво, пропорционално се отсликува и на локално ниво. Случувањата со доделување на финансиски средства од Фондот за иновации, сега ги имаме и во Општина Штип, само преку доделување на средства  на Невладини организации, истакна Љубе Здравков, советник во Совет на општина Штип.

-Имено, на повикот кој уште на почетокот на годината општината го објави за доделување на финансиски средства на локални Здруженија на граѓани, имаат добиено неколку организации. Меѓутоа, спорно е тоа што некои од нив активно имаат работено за СДСМ во изминатиов период. Затоа, ги прашуваме СДСМ: Дали е во ред да се доделуваат средства на лице кое беше на советничката листа на СДСМ, лице кое веќе неколку пати во текот на годината има добиено средства од Општина Штип за настани кои се слабо посетени, а Советот на Општина Штип нема увид во начинот на трошење на тие средства и лице кое преку група на граѓани остварува свои лични интереси?, праша Здравков и додаде:

„Дали при доделување на средства на две организации, нема судир на интереси на едно лице, кое во едната организација е Претседател, а во другата организација, заедно со целата своја фамилија е во Основачко Собрание? Зарем овие случаи не претставуваат отплата на долговите кои СДСМ ги има кон овие луѓе, затоа што верно одработувале за оваа партија? Дали е ова Општина за сите граѓани, или општина во која добиваат само оние кои се на иста линија со партијата СДСМ? Ова се прашања на кои очекуваме СДСМ да одговори и да ја запознае јавноста за начинот на трошење на народните пари. Од голем интерес е да се образложат овие скандалозни одлуки и СДСМ да објасни пред јавноста и на самите организации зошто поголемиот дел од проектите се одбиени, а средства добиваат само оние организации кои активно ги застапуваат нивните интереси“.