понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

137 сообраќајни санкции во Скопје, 34 за брзо возење

137 сообраќајни санкции во Скопје, 34 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се две мерки за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 15 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.