Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница ја донесе Одлуката за определување локации за поставување урбана опрема подвижни објекти, апарати и други направи во Градскиот парк Скопје, паркот Гази Баба, СРЦ Сарај, „Рајски парк“ во Ново Лисиче и на кејот на реката Вардар.
Со одлуката се предвидени 15 нови локации, од кои во Градскиот парк предвидени се 3 локации, во Гази Баба предвидени се 3 локации, во СРЦ Сарај 4 локации, во „Рајски парк“ во Ново Лисиче предвидени се 2 локации и на кејот на реката Вардар предвидени се 3 локации.
Согласно со утврдените стандарди, станува збор за урбана опрема и поставување подвижни апарати на предложените локации, што ќе овозможи да се зголеми посетеноста на наведените локалитети.