вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Аеродромци со масовна посетеност на „Гола Месечина“, вечерва стенд-ап шоу на Тино и Атанас

Аеродромци со масовна посетеност на „Гола Месечина“, вечерва стенд-ап шоу на Тино и Атанас

На четвртиот ден од културниот бран во Општина Аеродром, дождот и лошото време не ги спречија граѓаните да присуствуваат избедбата на претставата „Разведи ме“ од Театар Провокација. Аеродромци живеат за настани кои го подигнуваат нивото на културата и нудат нови летни забавни содржини, а доказ за тоа е масовната посетеност низ првите четири вечери од „Гола Месечина“.

Неколку илјади граѓани, претходните вечери имаа можност да ги проследат претставите „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ на театар од Р. Србија, претставата на „Импров група Скопје“, како и стенд-ап настанот на популарниот Сашко Коцев.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил, најавувајќи понатамошна поддршка на домашните проекти од културата се заблагодари за организацијата, како и на граѓаните кои масовно го поддржаа овој културен настан.

„Преполниот стадион, одличната програма, талентираните артисти и насмеаните ликови се само потврда дека ‘Полна месечина’, е одличен перформанс кој сите ние со нетрпение го очекувавме. Настан успеа за момент да не оттргне од секојдневните обврски и грижи. Лично се радувам за ваквите настан и мојата заложба е секогаш да даваме силна поддршка на домашната култура и продукција“, напиша тој на фејсбук.

„Гола Месечина“ е традиционален и меѓународен фестивал на комедијата кој по 10-ти пат се одржува во Општина Аеродром, во заедничка организација на општината и Театар Комедија. Фестивалот завршува вечерва, со стенд-ап шоуто на Тино и Атанас. Ги повикуваме граѓаните да присуствуваат со почеток од 21 часот. Влезот е бесплатен и наменет за граѓани над 16 годишна возраст.