петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Андоновска: Арсовска го прекрши принципот воспоставен на првата седница, за нејзино присуство на седници

Андоновска: Арсовска го прекрши принципот воспоставен на првата седница, за нејзино присуство на седници

Би сакала да потсетам на еден принцип кој што советот го донесе на првата наша седница а тоа не правеше различни од претходно, освен тоа што одиме во живо и сме транспарентни она што беше побарано од советот и воспоставено како принцип е дека и Градоначалничката и со сите директори треба да бидат присутни како на советничките прашања така и на седниците што има точки“ истакна Марија Андоновска советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната седница на советнички прашања.

– Имам три прашања, првото прашање се однесува до директорот на ЈСП и до Градоначалничката Арсовска. Последниот месец , два најчести се прашањата и критиките за работењето на ЈСП. Најмногу се жалат граѓаните за нечистите автобуси, се жалат за нередовните линии, автобусите со рампи за лица со попреченост не се отвараат од страна на работниците, има проблем со бројките 7, 17, 9 , има проблем со 23 и така натаму па така да да сумблимирам, за овие бројки што ги набројав, ќе направите ли нешто директоре во однос на тоа да граѓаните добијат јавен градски превоз онаков каков што заслужуваат, праша Андоновска.

Советничката во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андоновска праша и која е вината за разрешувањето на поранешниот секретар на Градот Скопје.

– Второто прашање се однесува на градоначалничката би сакал да ми одговори зошто оној кој што до пред некој ден беше избран ги вршеше функциите на генерален секретар на град Скопје има некаква вина и е обвинет од нејзина страна неправедно и неправично да ми каже каде е неговата вина, во кој дел овој истиот човек кој што се правеше за граѓаните згреши. праша Андоновска.

Андоновска како последно прашање праша и дали ќе се одржи референдум за поставување или враќање на споменикот на Ќосето.

– Како последно прашање ќе си земам за право од мое лично име како граѓанин и во име на сите оние родољуби и патриоти со кој што градоначалничката се среќава, но во предизборието ние не добивме конкретен одговор, односно добивме различни одговори за едно прашање а пред некој ден за истото тоа прашање слушнавме дека ќе се решава со референдум, граѓаните ќе избереле дали да се постави споменикот, да се врати споменикот на Ќосето или да не се врати. Ја прашуваме директно градоначалничката, да или не, што ќе правите со тој референдум? Ако е да, кога? Одговорот го очекувам со да или со не, нагласи Андоновска.