Продолжува акцијата за доделување на субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
И во 2019 година Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година.
Со овој повик, Градот Скопје надоместува дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.
Повеќе информации за јавниот повик и условите за аплицирање можете да добиете на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен повик – Оџаци-2019.pdf
Барањето за надоместок можете да го преземете на следната интернет врска –
Целта на овој проект е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.
За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 година, кога беа доделени 269 субвенции.