среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска: Човек сум што не потпаѓа под притисоци

Арсовска: Човек сум што не потпаѓа под притисоци

Не сум човек да подлегнам на некакви притисоци или влијанија. Верувам дека треба да се работи со сите институции, поединци, индивидуи. Верувам дека треба да се гради еден партнерски однос базиран на доверба. А што се однесува до позициите, треба секогаш да се бираат најдобрите и најквалитетните личности. Доколку поставите погрешен човек на одредена позиција, ќе добиете лоши резултати. Сега во овој момент, верувам дека тоа треба да биде целта на секој кој сака да води успешно одредена институција. Да има квалитети, реализирани луѓе, луѓе кои што се чесни и исполнителни. И луѓе кои сакаат да се докажат со резултати, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во врска со поставувањата на директори на јавните претпријатија во интервјуто Клик Плус, на ТВ 21.

Таа потенцираше дека најважно е да се заштити интересот на скопјани и Скопје да прерасне во една модерна, европска метропола како што тие и заслужуваат. Арсовска е сигурна дека ќе успее во таа своја намера.