Денес по 10-ти јубилеен пат се одржа манифестацијата „Прв до врв“ на Водно, каде на учесниците со најдобри резултати им доделивме признанија за постигнатиот успех, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска.
На овој спортско-рекреативен настан годинава учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот. Манифестацијата секоја година покрај натпреварувачкиот карактер, става акцент и на заштитата на животната средина. Настанот се реализира со поддршка на Градот Скопје преку Програмата за активности во областа на спортот и младите во град Скопје, истакна таа.