понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска: Градот Скопје не го кочи проектот за изградба на мостот на Љубљанска – неопходно беше отстранување на одредени недоследности во проектот направени од претходното градско раководство

Арсовска: Градот Скопје не го кочи проектот за изградба на мостот на Љубљанска – неопходно беше отстранување на одредени недоследности во проектот направени од претходното градско раководство

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката за продолжување на соработката помеѓу Владата, ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, ТАВ ТЕПЕ АКФЕН Инвестиционо Градежно и Оперативно Акционерско Друштво и Град Скопје. Во врска со обвинувањата дека проектот е тенденциозно закочен, Градоначалничката на Град Скопје, на денешната седница ги отфрли обвинувањата дека овој проект е тенденциозно закочен и се пролонгира неговата реализација.

– За да нема дезинформации и манипулации во јавноста, Градот Скопје нема никаков удел во доцнењето на овој проект. Овој проект не е закочен, туку поради тоа што беа утврдени одредени недоследности во проектот, и тоа утврдени од страна на надзорниот орган, беше вратен до Владата. Владата имаше можност да постапува, а истата со своите дописи информираше дека пред некое време го отстраниле недостатокот. Во она што треба сега да следи за тој објект произлегуваат финансиски импликации по Градот и затоа е неопходна одлука од Советот на Град Скопје. Градоначалникот ниту смее, ниту треба да превземе на себе со свој потпис фискални импликации по Градот Скопје и неговиот Буџет, зошто тоа е буџет на граѓаните – истакна Арсовска.

Градоначалничката Арсовска потенцираше дека Градот не ги кочел активностите за реализацијата на овој проект за изградба на мостот на Љубљанска и дека тоа било во делот на обврските што требаше да ги заврши Владата, а Владата заедно со ТАВ во предвидениот рок ги завршија обврските за отстранување на недоследностите.

– Неопходно е да се превенира сето она кое што може да настане, а многу децидно е кажано во договорот кој што бил потпишан, дека доколку има било какви финансиски импликации, односно некакви разлики во инвестицијата дека дополнителните трошоци ќе следат и ќе треба да бидат обезбедени од нашиот буџет. Затоа, Советот треба да ја поддржи оваа одлука за да се превенира натамошно загрозување на реализацијата на овој значаен проект – рече Арсовска.

По усвојувањето на денешната одлука, наскоро ќе биде потпишан Анексот број 2 кон овој договор, со што ќе се овозможи продолжување на реализацијата на проектот за изградба на мостот на Љубљанска.