Еден од петте мега паркови дел од изборната програма на Данела Арсовска, ќе биде лоциран во Чаир. За попрецизна локација на овој парк Арсовска вели дека има неколку можни локации и сите нудат опции овој простор да биде раззеленет и исполнет со содржини.
– Мега паркот во Чаир ќе биде на локација на која што дополнително со новите општински власти по локалните избори ќе треба да ја утврдиме. Има простор што е однапред определен, а тоа е кај Топаана меѓутоа дополнително ќе работиме на делот да се уреди и да има уште една зелена површина а тоа е кај Скопскиот аквадукт. Верувам дека имаме премногу простори и места каде може да се сместат убави и квалитетни паркови и рекреативни содржини за скопјани. И не смее да се дозволи градоначалникот во заминување да ги исполни со згради и со бетонски згради како што тоа го правеше изминатиот мандат, истакна Арсовска.