сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска: Како што ги застапував интересите на 24.000 претпријатија, на ист начин ќе се борам за центарци и Скопје да добијат модерен лик

Арсовска: Како што ги застапував интересите на 24.000 претпријатија, на ист начин ќе се борам за центарци и Скопје да добијат модерен лик

Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на градот Скопје вечерва од Центар истакна дека како што ги застапувала интересите на 24.000 претпријатија во Сојузот на Стопански комори, така ќе се бори и за центарци и Скопје да добијат модерен лик.

-Сакам да ве уверам дека ако можев да ги застапувам интересите на над 24.000 претпријатија во Сојузот на стопански комори на Македонија, подеднакво на истиот начин можам да се борам Скопје и Центар да добијат нов модерен лик, да бидеме горди на нашата европска метропола, да биде град каков што го заслужуваме, посочи Арсовска во Центар.

Арсовска посочи дека на Скопје не му е потребен истрошен политичар, туку му е потребен вистински менаџер, за да се знае каде навистина се трошат парите на скопјани, не тие да завршуваат на скандалозни настани кои вршат силен удар на малолетни деца, на градот му треба човек кој ќе гарантира дека Деталниот урбанистички план ќе биде отворен за скопјани, дека ќе знаат што им се планира, не да се крие од граѓаните Генералниот урбанистички план кој ќе биде на сила десет години, а скопјани заслужуваат да знаат што ќе се случува со инфраструктурата и со зеленилото, вели таа.

-Нема повеќе да има затворени врати за скопјани, затоа што граѓаните заслужуваат да знаат и да бидат дел од планираната иднина, не некој друг тоа да го прави за нив, на градот му е потребен човек кој нема да ветува секоја година нов Луна парк, а по четири години сеуште да не е направен, човек кој нема да препишува програма од пред четири години, затоа што реализирал само 5% од истата од 2017 до денес, жално и срамота е овој човек кој денеска навредува со реализација од 5% на својата програма, да бара уште еден мандат, уште четири години да лаже и манипулира, критикуваше Арсовска.