понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска на терен: На секоја дојава на граѓани ќе реагираме- проблемите ќе се решаваат тековно, редовно ќе ја контролираме работата на сите градски претпријатија

Арсовска на терен: На секоја дојава на граѓани ќе реагираме- проблемите ќе се решаваат тековно, редовно ќе ја контролираме работата на сите градски претпријатија

Денес излеговме на терен поради голем број поплаки од граѓани за преполни контејнери ширум градот. Го посетивме ЈП „Комунална Хигиена“ каде добивме ветување од одговорните на смена дека ситуацијата ќе биде надмината во најкраток можен рок, а проблемот беше решен за неполн час, информира градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Проблемите ќе се решаваат тековно, остануваме на терен и редовно ќе ја контролираме работата на сите градски претпријатија, а ќе одржиме состанок со раководството на јавното комунално претпријатие каде ќе биде расчистено зошто повеќе од недела дена на неколку локации во Скопје не се собира сметот од контејнерите со динамика согласно потребите.

На секоја дојава на граѓани ќе реагираме. Нема да има отстапки за неодговорно однесување на градските служби. Нема да дозволиме некој наместо професионално да раководи, да собира политички поени на работа што треба да биде завршена без да се јавува самиот градоначалник, а на терен ќе бидеме присутни постојано бидејќи ред мора да има, пишува Арсовска на Фејсбук.