сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска: Неопходни се системски решенија за проблемот со загадувањето, итно чистење на сите диви депонии, гасификација и еколошки јавен превоз

Арсовска: Неопходни се системски решенија за проблемот со загадувањето, итно чистење на сите диви депонии, гасификација и еколошки јавен превоз

Ова е навистина важно прашање и верувам дека одговорот е во тоа што неопходно е да има системски решенија. Овие системски решенија ќе се направат со повеќе проекти кои ќе се реализираат едновремено, отпочнувајќи со бесплатен јавен превоз кој што беше најавен, решение кое што секаде онаму каде што се имплементира, нотира според извештаите односно според студиите кои што се направени значително намалување на користењето на автомобилите во сообраќајот дури некаде и до 50 проценти, вели Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје во вечерашното изборно соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје на ТВ АЛСАТ М.

Арсовска вети нови 250 еколошки автобуси за кои што рече дека ќе бидат достојна замена за она кое што го има во моментот во градот.

-Второ она кое што го најавивме а тоа се 250 нови еколошки автобуси за градот Скопје кои што ќе бидат достојна замена за она кое што го имаме во овој момент во градот, меѓутоа уште поважно е што ќе имаат нула емисија на загадување во градот, и сметам дека ова значително ќе придонесе, и нешто трето кое што е важно е гасификацијата она која што беше ветена од градоначалникот во заминување како итно и битно, а видовме дека ниту била итно, ниту била битна, велам дека тоа е нешто кое што е неопходно во следните 4 години, и веднаш ќе се спроведе и немаме уште 44 години за негово спроведување и тоа мора да биде итно и приоритетно за граѓаните на Скопје, изјави Арсовска и потенцираше дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе го реши проблемот со дивите депонии во Град Скопје.

И последното, особено важно за овие зимски месеци е тоа што во мојата програма она кое што е ставено е итна санација и чистење на сите диви депонии во Градот Скопје и тоа за точно 82 дена, за ова зима да не е како секое зима во Градот Скопје, рече Арсовска.