Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби и населени места. Скопје ќе има ред во сообраќајот. Достапен и ефикасен јавен превоз. За сите населени места во општина Сарај ќе донесеме посебна програма со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми во делот на инфраструктурата. Конечно ќе се изгради нов кружен тек на влезот на Сарај и ќе се поврзе Матка со автопатот и обиколницата. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз, игралиште за деца мора да има во секое населено место во Скопје и околината, им изјави независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска на вечерашната средба со жителите на населените места Кондово, Бојане и Буковиќ од општина Сарај.
Жителите на овие населени места се осврнаа и на многу ветувања кои им беа ветени во текот на изминатите години од актуелната градска власт, а не беа исполнети, како што се кружниот тек на влезот во Сарај, спортско рекреативниот центар „Сарај“ и езерото Треска.