Во рамки на посетата на Република Турција, во Анкара со Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин и директорот на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Зухди Енуз остваривме средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, г-дин Серкан Кајалар, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Воспоставените пријателски релации ги трансформираме во конкретни проекти за поддршка и отпочнуваме нови чекори за зајакнување на соработката, со која ќе бидат реализирани бројни проекти за развој и просперитет во интерес на граѓаните на Скопје, пишува Арсовска во својата објава.