среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска призна дека има долг кон приватните превозници, за рекетари да си проверат во својот двор, еден сметководител и кај еден екс полицаец

Арсовска призна дека има долг кон приватните превозници, за рекетари да си проверат во својот двор, еден сметководител и кај еден екс полицаец

Арсовска да не го злоупотребува градот Скопје за нервозни и партиски соопштенија од коалицијата на власт СДС, Левица и уценетата ГРОМ, се вели во партиската соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

За рекетари Арсовска треба да си провери во својот двор. Таму ќе види еден сметководител кој се преставува за татко на градот, во име на мајката на градот и еден екс удбаш полицаец во пензија. Може да си провери и во коалицијата која ја поддржува. Поголеми рекетари од купчето СДС, фолирантите Левица и ГРОМ нема да најде, а за рекетарските вештини на Арсовска јавноста допрва ќе се запознае. Околу суштината, добро е што најпосле Арсовска најде решение. Но прашањата кои заслужуваат одговори: Апасиев да одговори дали сеуште нисли дека решавањето на проблемот со јавниот превоз е штитење на приватен интерес? Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е спремна да ги подмири штетите од хаосот во јавниот превоз? Додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.