петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска се сретна со амбасадорот на Италија Силвестри

Арсовска се сретна со амбасадорот на Италија Силвестри

Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Скопје, Андреа Силвестри.

Амбасадорот Силвестри и го честиташе изборот на Арсовска за градоначалник, а таа го запозна со нејзината програма на која ќе биде посветена во наредните четири години, а која е во насока на забрзан развој на градот во сите сегменти и постигнување на визијата за модерно Скопје.

Двајцата соговорници изразија желба за продлабочување на добрата соработка меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Република Италија, преку размена на позитивни искуства и практики во различни сфери на општественото живеење.