Ќе ги поддржуваме лицата со попреченост, кои ќе добијат приоритет за вработување во градските институции. Тука сакам да го најавам и формирањето на Центар за жртви од семејно и родово базирано насилство и насилство базирано врз основ на сексуална ориентација. Се грижиме за сите во Скопје, најави независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на средбата со граѓани во Шуто Оризари.
Арсовска истакна дека токму од Шуто Оризари заедно со граѓаните ќе покажат дека Скопје се грижи за сите свои граѓани и никој не е заборавен.
-На лицата во ризик, највозрасните лица кои се жртви на семејно насилство, и сите други лица – жртви на некакво насилство, ќе им обезбедиме социјална поддршка, правна помош и здравствена нега, додаде таа.