четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Асфалтиран крак 2 од улица 81 во Волково општина Ѓорче Петров

Асфалтиран крак 2 од улица 81 во Волково општина Ѓорче Петров

По налог на Град Скопје, екипи на ЈП “Улици и патишта”-Скопје во текот на вчерашниот ден ја асфалтираа улицата 81 крак 2 во населеното место Волково во вкупна површина од 500 квадратни метри.

Улицата е до должина од 150 метри и широчина од 3,30 метри.

Екипите денес продолжуваат со активностите за изградба на последниот крак 3 од улица 81 во Волково, подготовка на теренот за асфалтирање, а потоа и на изградба на наредните улици кои се предвидени со утврдената динамика.