вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Асфалтирана улицата 21 во населеното место Волково

Асфалтирана улицата 21 во населеното место Волково

Денеска екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Градот Скопје ја завршуваат реконструкцијата на улицата 21 во населеното место Волково, во општина Ѓорче Петров.

Се асфалтира површина од околу 700 квадратни метри, со должина на улицата од 200 метри и широчина од 3,50 метри.

Во изминатиот период во ова населено место беа асфалтирани ул. 3, ул.бб и улица бр.73 .