среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Асфалтирани „Гутенбергова”и „Волтерова” во Драчево

Асфалтирани „Гутенбергова”и „Волтерова” во Драчево

Завршија градежните активности за реконструкција на улиците „Гутенбергова” и „Волтерова” во населбата Драчево. Овие сообраќајници никогаш досега не биле санирани или реконструирани иако се изградени по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, соопшти Општина Кисела Вода.

Вкупната должина на овие две улици изнесува 350 метри, односно се работи за асфалтирање на површина од околу 1400 квадратни метри. Во наредниот период на овие сообраќајници ќе им бидат реконструирани и тротоарите.