ЈСП Скопје информира дека утре, петок (11.10.2019 година), поради државниот празник 11 Октомври-Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Истиот режим ќе важи и во сабота (12.10.2019 година) и недела (13.10.2019 година).
Во петок (11.10.2019 година) дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот
Во сабота (12.10.2019 година), билетарниците ќе работат со вообичаено работно време, а во недела (13.10.2019 година) вообичаено дежурни ќе бидат посочените три билетарници.