Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Ѓорче Петров и Студеничани.
Па така, од 8:30 до 16 часот струја ќе немаат корисниците од дел од ул. Димитар Пандилов, поточно објектите од бр. 10 до бр.33 (општина Центар), од 9 до 12 часот, корисниците од дел од ул. 106 во с. Ново Село (општина Ѓорче Петров), од 9 до 13 часот, корисниците од дел од ул. Црногорска кај бр. 28 и бр. 30 (општина Ѓорче Петров).
Од 9 до 14:30 часот, струја ќе немаат и корисниците од Базен Сарај, Хотел Сарај и Емо Сарај, дел од с.Сарај кај Џамија ул.Ѓорче Петров објекти кај „Кристина Дамил“ ул.1 под ул.3 и с.Крушопек (општина Сарај и општина Ѓорче Петров), од 9 до 15 часот, корисниците од дел од с. Батинци ул.4,6 и 7 (општина Студеничани), а од 9:30 до 15 часот, корисниците од селата кон Солунска Глава, Алдинци, Мала Река, принцес Мала Река, воени и полициски објекти на Солунска Глава (општина Студеничани).
„ЕВН Македонија“ известува дека поради поставување на нисконапонски електричен кабел, ќе се смени режимот на сообраќај на ул. Ферид Бајрам и бул. Христијан Тодоровски Карпош во Скопје. Временскиот режим на сообраќај ќе се воведе во периодот од 8:00 до 16:00 часот на ден 8.11.2018 (четврток), 9.11.2018 (петок), 10.11.2018 (сабота), 12.11.2018 (понеделник) и 13.11.2018 (вторник).