четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја утре делови од Карпош и Бутел

Без струја утре делови од Карпош и Бутел

Поради технички зафати во мрежата, без електрична енергија утре од 09:00 до 14:00 часот, ќе останат корисниците од дел од улицата „Милан Марковиќ“ во Општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре без струја од 11:00 до 14:00 часот, ќе бидат и корисниците од дел од улицата „Иван Манолев“ број 77а, 77б, 75а, 75б, 73а, 73б, 71а, 71б, 69а и 69б, во Општина Бутел.