вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода делови од Центар и Аеродром

Без вода делови од Центар и Аеродром

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека делови од општините Центар и Аеродром денеска од 9 часот нема да имаат вода.

Во Центар, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на огрлица ф-80 мм на улицата „Диме Аницин“ 6 при што, до неговото санирање, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Диме Аницин“, „Костурски Херои“, „Васил Стефановски“, „9-ти Мај“, „Петар Попарсов“, „Христо Смирненски“ и „Роза Луксембург“.

Во Аеродром, пак, причина за прекин во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок Ф 200 мм на улицата „Венињамин Мачуковски“ 36, а вода нема да имаат дел од корисниците на „Венињамин Мачуковски“ и „Анастас Митрев“.