среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода корисниците на дел од булеварот „Илинден“

Без вода корисниците на дел од булеварот „Илинден“

Поради уличен дефект ф-400 на на булевар „Илинден“ кај Про Кредит Банка, без вода ќе бидат корисниците на дел од булеварот, односно потегот од улица „Бледски Договор“ до улица „Никола Парапунов“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека воедно е можно и намалување на притисокот на водоснабдувањето во населбата Карпош 3.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:30 часот до завршување со санација на дефектот.