четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода три улици во Центар

Без вода три улици во Центар

Поради изведување водоводен приклучок од ф-80 милиметри на улица „Васил Иљоски“ број 7, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Никола Кљусев“ и „Скопска“ во Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот, па до завршување со работните активности.