На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров на дневен ред е и Буџетот за 2023 година.
Од содржината на самиот Буџет може да се заклучи дека станува збор за развоен буџет во кој се одвојуваат огромни средства за капитални инвестиции, средства за реализација на многу проекти, а пред сè се води грижа за остварување на интересите на граѓаните.
„Наследивме општина која што е во долгови, но и покрај се со здружени сили успеавме изминатава година да реализираме значајни проекти и да решиме децениски проблеми на нашите сограѓани.
Во новата 2023 година се обврзуваме на уште повеќе работа и реализирани проекти кои ќе значат чекор кон модерна, урбана и развиена општина.
Во Буџетот за 2023 година се предвидуваат средства за:
– Изградба на паркови, детски и спортски игралишта
– Одржување на јавната хигиена
– Проектирање и реконструкција на основни училишта и градинки
– Подобрување на квалитетот на образованието и детската заштита
– Реконструкција на улици во урбаниот и руралниот дел на општината
– Заштита на животната средина
– Изградба на атмосферска и фекална канализација
– Изградба и реконструкција на водоводни мрежи
– Поддршка на спортот во општината
– Организација и поддршка на културни манифестации
Наша обврска е да го реализираме се она што го ветивме и да ја направиме општина Ѓорче Петров достојно место за живеење.
Нема да дозволиме разните притисоци и опструкции да влијаат на нашата работа.
Како Советничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата заедно со Градоначалникот, Александар Стојкоски ќе го вложиме нашиот максимум и во 2023 година да реализираме голем број проекти и инвестиции.
Довербата од граѓаните е основниот мотив кој не поттикнува за напорна работа и никогаш нема да изневериме“, велат од општината.