Голем дефект на далековод во скопската општина Ѓорче Петров ги остави предмалку жителите на Волково, Ново Село и Стопански Двор без електрична енергија, објави „Плусинфо“.
Од ЕВК за Плусинфо ја потвдиле информацијата и велат дека сите дежурни екипи се упатени кон далеководот.
Се работи за голем дефект на далековод. Нашите дежурни екипи се веќе излезени на терен и работат на решавање на проблемот. Засега не се знае колку време ќе одземе поправката, односно кога повторно граѓаните ќе можат да користат струја – велат од ЕВН.