среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Целосно обновено осветлувањето на паркингот под Транспортен центар

Целосно обновено осветлувањето на паркингот под Транспортен центар

Екипи на Град Скопје викендов целосно го обновија осветлувањето на паркингот под Транспортен центар во делот кај поштата, како и осветлувањето на сервисната улица на тој потег. На овој простор, старите и расипани светилки се заменети со 30 нови светилки, од кои 22 на паркингот, а 8 на сервисната улица.

– На овој потег осветлувањето не функционираше подолго време, за што имаше и реакции од голем број граѓани. Град Скопје постапува по барањата на граѓаните, а со новото осветлување се зголемува безбедноста на пешаците во овој дел од градот, информираат од град Скопје.